Мурињо потврди дека нема намера да го продава Де Геа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жозе Мурињо остана на ставот дека Давид Де Геа нема да биде продаден на Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок и покрај шпекулациите кои повторно излегоа во последните неколку денови дека е можен ваков трансфер.

„Дали мислите дека клуб кој се обидува да ги привлече најдобрите играчи е клуб кој е отворен за продавање на неговите најдобри играчи? Нема смисла. Доколку сакаш да одиш скалило погоре мора да ги привлекуваш најдобрите играчи како Алексис, Матиќ и Погба и да не ги пушташ најдобрите да заминат“ –коментираше Мурињо.

Пред неколку дена излезе информација дека Јунајтед ќе му дозволи на Де Геа да замине во Реал Мадрид за сума од 115 милиони фунти, но тоа набрзо го негираше португалскиот стратег на „ѓаволите“.