Од најголем талент на Милан до тажен крај, ќе му даде ли некој шанса на Матсур

0

Хачим Матсур важеше за еден од најголемите таленти на Милан, а многумина го споредуваа со Роналдо и му предвидуваа блескава иднина.

Сепак, мароканскиот интернационалец буквално се изгуби од фудбалската мапа и иако има само 19 години многумина сметаат дека за него нема место во врвниот фудбал.

Матсур доби шанса да игра во првиот тим на големиот Милан, а набрзо потоа беше испратен и на позајмици во Малага и Цволе. Сепак, младиот играч за жал не го покажа талентот кој очигледно го поседуваше и не добиваше шанса во овие тимови.

Сега 19 годишниот фудбалер има договор со Милан до јули 2018, а од клубот од „Сан Сиро“ веројатно нема да му го продолжат истиот.

Share.