Меси: Два клуба посебно се истакнуваат за титулата во Лигата на шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По речиси два месеци пауза фудбалските љубители повторно ќе може да уживаат во возбудувањата кои ги нуди Лигата на шампионите.

Во вторник се среќаваат Јуве и Тотенхем, но сигурно многу повеќе внимание ќе предизвика мечот кој се игра следниот ден помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Последните две години Реал доминираше во ова натпреварување, но сега во многу лоша форма ќе го пречека разиграниот ПСЖ кој ги „толчи“ сите противници во Франција. Многумина затоа сметаат дека Французите се благи фаворити во овој двомеч, а дека тимот е вистински опасен потврди и Лео Меси.

Аргентинецот изјави дека покрај ПСЖ, и Манчестер Сити е клуб кој може да стигне далеку во Лигата на шампионите.

„Манчестер Сити моментално е еден од најсилните тимови во Европа, но тука е и ПСЖ. Исто така не треба да се отпише ни Реал без оглед на формата која ја имаат. Тука е и Баерн и сигурно ќе биде интересно до самиот крај. Сепак мислам дека Сити и ПСЖ во моментов се малку пред Реал Мадрид и Баерн Минхен“- коментираше Меси.