Њукасл на домашен терен го шокираше Јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед беше поразен од Њукасл со 1-0 со што најверојатно ја изгуби и последната надеж дека до крајот на сезоната може да го стигне градскиот ривал и да ја освои титулата во ПЛ.

Од почетокот на натпреварот можеше да се види дека ова нема да биде добар ден за „ѓаволите“, а домашните во 65 минута стигнаа до предност од 1-0, што подоцна се покажа и како конечен резултат.

Јунајтед се обиде да се врати во игра, но не му успеваше, па со овој пораз останува на втора позиција со 56 бодови, односно 16 помалку од лидерот Сити.