Само реми за Барселона: Гетафе им одолеа на Каталонците!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона во 23 коло во Ла Лига го пречека Гетафе, а на крајот во овој дуел немаше победник. Тимот од Мадрид одигра храбар натпревар и на крајот заслужено освои бод.

Првото полувреме од Барселона не донесе ништо. Екипата на Валверде немаше ниту еден удар во рамки на голот и бункерот на Гетафе беше премногу цврст.

Од друга страна гостите имаа два добри обиди, но не успеаа да стигнат до гол.

Продолжението донесе целосна офанзива на домашниот тим. Се обидуваше Барселона на сите можни начини да стигне до погодок, но топката не сакаше да влезе во гол.