Мурињо: Не постои проклетство во фудбалот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По поразот од Њукасл, Жозе Мурињо даде изјава за медиумите.

„Нема проклетство во фудбалот. Таму или победуваш, губиш или играш нерешно. Понекогаш заслужуваш победа, но не стигнуваш до неа. Понекогаш заслужуваш пораз, а сепак победуваш на крајот. Тоа е фудбалот. Мислам дека денес имавме многу шанси да победиме и не ги искористивме“

Сезоната продолжува понатаму, неколку важни натпревари следат во три различни натпреварувања за Манчестер Јунајтед.

„Одиме натпревар по натпревар, не сакам да брзаме и да гледаме далеку во иднината“