Ливерпул преку Салах и Фирмино славеше против Саутемптон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул вечерва без поголеми проблеми го победи Саутемптон со 2-0 во рамки на 27 коло во ПЛ.

Ливерпул влезе одлично во натпреварот и по шест минути стигна до водство, а стрелец по асистнецијата на Салах беше Фирмино. Од тој момент се влезе во помирен период од натпреварот и не се случи ништо посебно.

Сепак, Ливерпул од ништо успеа пред крајот на првиот дел од играта да постигне уште еден гол, а стрелецот овој пат беше Салах по асистенција на Фирмино.

Ливерпул сега се наоѓа на трето место со 54 бодови, само два помалку од второпласираниот Манчестер јунајтед.