Гвардиола договори три засилувања за летово?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие тројца фудбалери се практично веќе играчи на Манчестер сити.

Како што знаете, Фред од Шахтјор го договори својот трансфер кај „граѓаните“, а ќе пристигне за 45 милиони евра.

Тој во составот ќе го замени Туре, на кого му завршува договорот, а многу веројатно и Фернандињо ќе го напушти клубот.

Втор играч, кој би требало да пристигне е младиот играч Сандлер. Играч кој ја помина академијата на Ајакс и е стандарден во Цволе, има 20 години и игра како стопер, а за него било платено околу три милиони евра.

Трето засилување ќе биде младиот играч на ПСЖ, Гомеш. Играчот игра за младинската репрезентација на Франција, а ќе замине како слободен играч летово кога ќе наполни 18 години.