Тотенхем ќе мора да го продаде Алдервилд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоби Алдервилд нема да патува во Торино на натпреварот против Јувентус во рамките на Лигата на шампионите иако белгискиот интернационалец се вратил во комплетна физичка форма по неговата повреда.

Неговото отсуство од протоколот ги подгреа шпекулациите околу неговата иднина откако преговорите за нов договор со Тотенхем се во „мртва точка“.

28 годишниот фудбалер има договор кој му истекува во 2020 година во кој има откупна клаузула од 25 милиони фунти која може да биде активирана во летото 2019 година.

Ова значи дека доколку не биде постигнат договор, Тотенхем ќе мора да го продаде Белгиецот во текот на летниот преоден рок следната сезона со цел да заработи повеќе од 25 милиони фунти.

За Тоби Алдервилд сериозен интерес постои од Манчестер Сити, Челси и Реал Мадрид.