Победа добива голема поддршка, „Мајмуни“ се враќаат на трибините


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од фудбалскиот клуб Победа во текот на зимскиот преоден рок донесоа цел состав нови фудбалери. Во Прилеп пристигнаа дури 12 нови фудбалери кои ќе го понесат товарот во вториот дел од сезоната.

Ветер во грб фудбалерите ќе добијат и од нивните најверни навивачи, „Мајмуните“ кои го најавија своето враќање на трибините по подолг период.

„По долго време се обраќаме до целокупната спортска јавност, љубителите на фудбалот во нашиот град, симпатизерите и навивачите на ФК Победа. По неколку месечното отсуство од трибините, НК Мајмуни 1997 почнувајќи од првото коло на пролетниот дел од сезоната се враќа на трибините, со уште поголема страст и желба да биде 12-играч на нашиот клуб. Нашата љубов кон Победа останува иста без разлика на околностите !

Првиот предизвик е “Пелагониското дерби” во среда, и натпреварот против битолски Пелистер, на кој приоритет се трите бода.
Конкретни информации во однос на гостувањето и натпреварот, ќе објавиме во текот на утрешниот ден.

Со почит, НК Мајмуни 1997 – Прилеп“ –стоеше во соопштението кое преку својата Фејсбук страна го упатија од навивачката група.

Тимот на Победа се наоѓа на седмата позиција во нашата Лига на само еден бод од опасната зона. Сепак, тренерот Бубања најави дека во вториот дел на сезоната ќе се обидат не само да обезбедат опстанок туку и можен пласман во европските натпреварувања.