Неочекувано име кандидат за тренер на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се повеќе се шпекулира дека Антонио Конте ја поминува својата последна година на клупата на Челси.

„Сините“ се во катастрофална серија и загубија на последните два натпревари од Вотфорд и Бурнемут на кои примија дури седум голови. Доколку Челси не успее да го победи и ВБА тоа ќе значи крај на ерата на Конте многу порано од очекуваното.

Гус Хидинк чека повик од Абрамовиќ за да биде наследник на Конте до крајот на сезоната се додека од Челси не најдат кандидат кој подолго време ќе се задржи на клупата. Холанѓанецот во два наврати беше привремен тренер на клубот од „Стемфорд Бриџ“, а ништо чудно тоа да се случи и по трет пат.

Сепак, најновите шпекулации кои доаѓаат од Англија говорат дека Конте би можел да го наследи младиот и перспективен Марко Силва кој пред еден месец доби отказ од Вотфорд.

Силва би требало да биде тренер на Челси до мај кога на клупата треба да седне Луис Енрике.

Марко Силва ги импресионираше сите откако го презеде Хал кога клубот го допре дното и за малку не успеа да обезбеди опстанок. Оваа сезона ја започна во Вотфорд од каде доби отказ поради тоа што посакувал да премине во редовите на Евертон, клуб кој очајнички го посакуваше младиот стратег.