Меси: Тројца кандидати за Златната топка освен јас и Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот уверен во неизвесноста.

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, смета дека борбата за Златната топка оваа година ќе биде неизвесна како никогаш досега.

Фантастичниот Аргентинец даде занимлива изјава и најавува доаѓање на свената на некои нови фудбалери.

„Тука се многу врвни играчи кои сеуште можат да ја освојат Златната топка“, изјави Меси за World Soccer magazin,  па именуваше тројца играчи кои верува дека ќе се вмешаат во борбата помеѓу него и Роналдо, која веќе десетина години доминира.

„Последните години тука бевме јас и Роналдо, но еве сега  тука се Нејмар, Мбапе и Луис Суарез. Верувам дека тие можат да се вклучат во борбата за Златната топка“, додаде Меси.

Меси во кариерата има освоено пет Златни топки, последната во 2015. година.