Гвардиола: Де Брајне ја заслужи Златната топка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Гваридиола смета дека Де Брајне е зрел за освојување на Златната топка.

Сити продолжи да доминира во ПЛ и да оди кон титулата, а во моментов изгледа дека немаат друг конкурент. Де Брајне постигна 11 голови и 18 асистенции во сите натпреварувања во оваа сезона.

„Не играше одлично само во натпреварот против Лестер, тој тоа го прави цела сезона и тешко може да се најде некој подобар во Европа. За да ја освоите Златната топка мора да освоите многу титули, но доколку тоа не ви успее, не може да бидете ниту потенцијален кандидат за оваа награда. Јас сметам дека Де Брајне е зрел да ја освои Златната топка“, вели Гвардиола.