Аргентинецот го откри виновникот: Меси збесна и му се налути на еден соиграч!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бодовната предност на лидерите во Ла Лига беше намалена на само седум бодови, откако тие не успеаа да победат во минатото коло.

Барселона го одигра 12-от натпревар по враќањето од зимската пауза и Валверде тврди дека нивниот тим сеуште не е во форма.

Како и да е, Меси очигледно знае кој е виновникот и го истури гневот на него. Станува збор за Осман Дембеле, кој неодамна се врати од повредата.

Според медиумите, Меси чувствувал дека играта на Дембеле не ги задоволува очекувањата и поради тоа испрати критики на негова сметка.