Марсело: Еден ден Нејмар ќе игра во Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело верува дека најскапиот играч на денешницата Нејмар еден ден ќе потпише за Реал Мадрид.

Нејмар константно е поврзуван со Реал Мадрид, а беше трансфер цел на „кралевите“ и кога се приклучи на Барселона во 2013 година.

„Би сакал Нејмар да пристигне во Мадрид и мислам дека перфектно ќе се прилагоди на овој тим. Тој е одличен играч, а одличните игри мора да играат во Мадрид. Мислам дека еден ден Нејмар ќе игра за Реал Мадрид“- коментираше Марсело за Еспорте Интеративо.

Играчот на ПСЖ ќе се соочи со Реал Мадрид во среда во рамките од осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите.