Одлични вести за Барселона: Дембеле конечно во тимот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Французинот доби зелено светло од медицинскиот тим.

Осман Дембеле немаше среќа со повредите откако пристигна на Ноу Камп. Францускиот крилен напаѓач минатото лето пристигна во Барселона од Борусија Дортмунд, но на своето деби за Каталонците претрпе тешка повреда.

Само што се опорави од споменатата повреда која ја здоби минатиот септември, во половината на јануари „заработи“ нова повреда.

Повторно се работеше за повреда на задната ложа, која сепак не влијаеше на неговата претходна повреда и на оперативниот зафат кој мораше претходно да се направи.

Меѓутоа, сега во таборот на Барселона пристигнуваат добри вести. Имено, Дембеле конечно е опоравен и доби зелено светло од докторите, па ќе биде во комбинација за наредните средби на Каталонците.