Кејн бил отпуштен од Арсенал затоа што бил буцкаст


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот прославен фудбалер на Арсенал кој во минатото беше дел од академијата на „топчиите“, Лиам Бреди истакна дека Арсенал ја пропуштил можноста да го добие Хари Кејн затоа што тој бил малку буцкаст.

Сепак сега, поранешниот ирски репрезентативец смета дека Хари Кејн е меѓу четворицата најдобри напаѓачи во светот.

„Тој е момче со силен карактер и напредува постојано. Тој е рамо до рамо со Меси, Роналдо и Левандовски. Погледнете ја неговата статистика, а има само 24 години“- коментираше Бреди за Кориере дела Сера.

Но Бреди, кој беше директор на академијата на Арсенал во времето кога Кејн настапувал за нив не го имал сегашното мислење за него.

„Тој беше малку буцкаст и не беше многу физички подготвен. Но, признавам дека направивме грешка. Тотенхем го донесе, го прати на позајмица три или четири пати во пониските лиги за да изгради карактер, а тој го заслужи ова што го има сега“- заврши Бреди.