Агентот на Бејл ја објави цената, сега потегот е на гигантите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според агентот на Бејл, многумина не се во состојба да го купат Велшанецот затоа што тој во моментов вреди 222 милиони евра.

Ова лето најскапиот трансфер го направи Нејмар со токму таа сума – 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ.

„Бејл вреди најмалку 222 милиони. Како и Нејмар. Но Бејл е среќен во Реал и го сака животот во Мадрид. Тој е ѕвезда на клубот без оглед на Роналдо и мислам дека тие двајца можат заедно да играат“, вели агентот.