Пет потенцијални проблеми со кои може да се соочи Барса и по совршениот преоден рок!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пласманот во финалето на шпанскиот куп, но и двете реми средби во Примера го запалија алармот во Каталонија, само осум денови пред дуелот против Челси.

Барселона оваа година реализираше одличен зимски преоден рок, стигнаа Кутињо и Мина, но во последните десет денови Барса е во мини криза.

1. Пеколен календар
Барселона е тим кој одигра најмногу натпревари во Европа од први јануари, дури 12.

2. Меси и Суарез
Тие двајца се уморни и поради тоа не постигнуваат голови, а нема кој да излезе во трет план.

3. Паулињо
Проблемот е во тоа што Паулињо беше трет стрелец на екипата, а тоа најмалку требаше да биде негова задача.

4. Второто полувреме
Повеќе од било кога Барселона не е во состојба да го реши прашањето за победникот во првите 45 минути. Барселона во последните 45 минути во последно време влегуваше во неизвесни завршници.

5. Адаптацијата на Кутињо и Дембеле
Најскапите засилувања во историјата сеуште не се адаптирани. Вистина е дека Кутињо донесе финале во реваншот со Валенсија, но во играта сеуште недостига неговото влијание.