Азар: Кој ме плаши во Барса? –Оној што не е од оваа планета


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред тимот на Челси следната недела е голем предизвик затоа што ќе играат против Барселона во рамките од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Осминафиналето од Лигата на шампионите ќе ни донесе неколку големи средби, а еден од тие дуели е и дуелот помеѓу старите ривали Барселона и Челси.

Челси своите надежи најмногу ги полага во Еден Азар кој е прва виолина на лондонскиот клуб. Белгиецот даде доста интересна изјава во пресрет на тој натпревар: „Кој ме плаши најмногу во Барселона? Па, знаете дека тие имаат фудбалер кој не е од оваа планета. Тој е поинаква класа и над сите останати. Сепак, Барселона не е само еден играч туку тим кој функционира многу добро“– коментираше Азар.