Талески потпиша за Хонка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Довчерашниот капитен на Победа, Давор Талески откако пропадна неговиот трансфер во редовите на Лахти потпиша за тимот на Хонка од Финска.

Талески беше на проба во Лахти и одигра неколку одлични натпревари, но од клубот се решија да му дадат предност на друг македонски голман, Дамјан Шишковски.

Младиот голман со тимот на Хонка потпиша едногодишен договор кој ќе може да се продолжи доколку двете страни бидат задоволни.