Микитаријан откри со што ќе се занимава кога ќе ја заврши кариерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ерменскиот фудбалер пред неколку недели се пресели во редовите на Арсенал како дел од договорот за трансферот на Алексис Санчез.

Микитаријан стана многу интересен на медиумите кога дознаа дека неговата мајка е меѓу првите лица во фудбалскиот сојуз на Ерменија. Играчот на Арсенал отсекогаш сонувал да стане фудбалер, но имал и резервен план во случај тоа да не му успеело.

„Вистина е дека мојата мајка е меѓу првите во фудбалот во Ерменија, а сестра ми работи во УЕФА. Од друга страна не е вистина дека сакав да се занимавам со атлетика како што зборуваат другите. Друг сон покрај фудбалот ми е да станам адвокат, и можеби тоа ќе го направам подоцна во мојот живот“ –истакна Микитаријан.

Микитараијан потекнува од школата на Пјуник од каде прави неколку трансфери во Шахтјор, Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед па на крајот да заврши во Арсенал.