Знаменосецот Јада последен на целта во ПјонгЧанг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот македонски претставник кој се појави на ЗОИ во ПјногЧанг, Ставре Јада не помина баш најдобро и го освои последното место во квалификационата трка во дисциплината спринт.

Јада заврши на 79 позиција од вкупно 80 натпреварувачи со заостанување од една минута и 15 секунди зад првопласираниот Ристомати Хакола од Финска.

Кинезот Сун Кинкаи не ја заврши трката затоа што беше дисквалификуван, па така Јада целта ја мина како последнопласиран.

Ставре Јада помина на целта со цели 18 секунди заостанување зад 78мо пласираниот претставник на Киргистан, Тариел Жаркимбаев.