Мората во страв: Најголемата опасност доаѓа од Меси!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челси и Барселона ќе играат наредниот вторник во осмина финале на ЛШ, а пред големото дерби помеѓу двата клубови, напаѓачот на „сините“ предупредува на опасноста која доаѓа од Меси.

Првиот меч се игра во Лондон, а Мората смета дека тешко ќе може да го сопрат Аргентинецот од Барселона.

„Меси не може да биде сопрен. Ако сакаме да направиме добар резултат, мораме да играме дефанзивно и да го измачиме што е возможно повеќе противникот“, вели Мората.

Шпанецот оваа сезона одигра 32 натпревари и постигна 12 голови додека зад Меси е импресивна полусезона. Тој досега беше стрелец 27 пати, а имаше и 14 асистенции.