Кјелини: Сам да го сопрам Кејн? Тоа ќе биде проблем!

0

Стоперот на Јувентус пред натпреварот против Тотенхем зборуваше за потенцијалните опасности, кои ќе пристигнат од лондонскиот клуб.

Задача да го сопре Кејн ќе ја има Кјелини, но искусниот стопер признава дека нема да биде ниту малку лесно да се направи тоа.

„Мислам дека е невозможно сам да го сопрам Кејн. Не сум толку арогантен да мислам дека е возможно. Се надевам дека со заеднички сили ќе го сопреме Тотенхем. Не смееме да мислиме само на поединци, туку треба да мислиме на цел состав на гостите“, вели Италијанецот.

„Нашиот приоритет е да не примиме гол, но тоа нема да биде ниту малку лесно затоа што Тотенхем игра многу ефикасен фудбал и има одлични напаѓачи“, додава дефанзивецот на Јувентус.

Share.