Покетино: Нашиот сон е да го достигнеме нивото на Јувентус!

0

Фудбалерите на Тотенхем играа против Јувентус во Торино во првиот натпревар од осмина финалето на ЛШ.

Пред избраниците на Покетино е тешка задача, но во Лондон веруваат дека може да направат изненадување. Аргентинецот изјави дека Јувентус е гигант во светскиот фудбал, па едноставно не може да се споредат нивните истории.

„Јувентус е голем клуб. Не може да се споредиме со Јувентус затоа што клубот освои се што може да се освои. Во последните три години играа две финалиња во ЛШ и тоа доволно зборува за нив. Нашиот тим е многу млад и градиме интересен проект. Нашито сон е да го достигнеме нивото на Јувентус еден ден. Многу сме возбудени пред натпреваров и сакаме да покажеме колку можеме“, вели тренерот на Тотенхем.

Share.