Одржан технички теквондо семинар со Ким Унг Чол


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Викендов во Домот на културата во Лескоец, Охрид се одржа национален технички семинар со професорот, Гранд Мастер Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан).

На семинарот професорот Кум Унг Чол ги презентираше најновите теквондо ИТФ техники, техники кои според тренерот на „Хва Ранг ИТФ“, Марјанчо Лазаревски во иднина ќе бидат од огромно значење за младите теквондисти од Македонија.

„Одржавме технички семинар за теквондо итф со професор Гранд Мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула Гранд Мастер, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо итф. Професорот несебично ни го пренесе неговото искуство и неговото знаење, кое ќе ни потребно за натпреварувањата кои ни престојат оваа година .Можеме да кажеме дека овај семинар ни беше повеќе од потребен и исто така имавме можност да ни биде преставена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско Теквондо ИТФ првенство во Талин Естонија “ истакна Марјанчо Лазарески.

Семинарот се одржа во два дена, во саботата се работеше во два термини, со почеток од 10 до 12 часот и од 17 до 19 часот каде теквондистите ги усовршуваа своите техники, додека во неделата после тренингот од 10-12 часот имаше полагање за црн појаси пред угледниот професор. Македонија од овој семинар излезе со нов носител на црн појас, Василија Јовчески се закити со црн појас –прв дан. Со овој настан таеквондистите од Лескоец и официјално ги започнаа своите активности за 2017 година.