Главоболки за Алегри пред Тотенхем: Ќе недостигаат неколку повредени играчи!

0

Фудбалерите на Јувентус го пречекуваат Тотенхем во првиот меч од осмина финалето во ЛШ.

Алегри има голем проблем со повредени играчи, а иако почна да тренира со екипата, во конкуренција за овој меч нема да биде Дибала. Аргентинецот е надвор од терените веќе некое време поради проблеми со повреда.

Покрај него на листата на играчи, кои нема да играат се Квадрадо, Барзаљи, Матуиди и Лихштајнер.

Списокот на Јувентус за натпреварот во ЛШ е следниов: Буфон, Пинсоглио, Шчезни, Де Шиљо, Бенатија, Кјелини, Сандро, Ругани, Пјаниќ, Кедира, Маркизио, Асамоа, Стураро, Бентакур, Мураторе, Игуаин, Коста, Манџукиќ, Бернардески.

Share.