Тотенхем го отпиша, па сега Мурињо ќе го пречека со раширени раце?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот на Тотенхем, Тоби Алдервеирелд е далеку од првиот тим на Лондончани, но не би требало да има проблем да си најде нов ангажман.

Играше против Њупорт во ФА купот, се врати по повредата, но против Арсенал го немаше ниту на клупата, а не допатува ниту во Торино на мечот од ЛШ против Јувентус.

Покетино тврди дека не сакал да ризикува со повредата, но очигледно објаснувањето е поинакво. Проблемот е од друг вид. Поранешниот фудбалер на Ајакс има договор до крајот на следната година, а подготвен е да замине.

Има 28 години, а Мурињо покажува интерес за него и смета дека може да помогне во последната линија на неговиот состав, но не се знае дали Тотенхем ќе се одлучи да го продаде својот фудбалер на ривалот од Манчестер.