Стартуваа подготовките за четвртиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од организациониот одбор на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ информираат дека стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот камп на овие простори.

Во минатото на кампот поминаа над 700 учесници од Македонија, БиХ, Данска, Шведска, Србија, Романија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Шпанија и Франција.

Задоволство и чест ми е да го најавам стартот на подготовките и пријавувањето за четвртото издание нашиот ракометен камп. Изминатите години поставивме високи стандарди во организација на самиот камп од секој аспект и ќе биде многу тешко во иднина да ги следиме и дополнително да ги надградиме.

Ќе се обидеме оваа година да бидеме поиновативни, по креативни, поквалитетни како во спортскиот така и во делот за едукативните предавања и организацијата на слободното време на нашите кампери.

Радува фактот на исклучително големата заинтересираност за овој настан годинава и тоа не прави да се чувствуваме горди, но од друга страна и многу поодговорно да пристапиме на организацијата на кампот кој и оваа година ќе се одржи во прекрасниот Охрид.  Да бидам искрен, со нетрпение го очекувам јуни и нашето ново другарување, седум дена каде што ќе тренираме и учиме ракомет, каде ќе бидеме позитивни, поставуваме нови цели, ќе се едуцираме што значи здрава и правилна исхрана, развиваме тимски дух и дисциплина, како предуслов за успех во спортот и во животот“- изјави Кирил Лазаров, носител на проектот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

И оваа година кампот ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина“ во две смени стартувајќи од 20 јуни до 2 јули. Организаторот на кампот, агенцијата  „КМГ Спорт“ информира дека покрај седум дена тренинг со Капитенот,  тимот тренери и гости од нашата земја и странство, секое дете од Македонија учесник на кампот  има обезбедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев Клиник“, комплет опрема од данскиот производител ХУМЕЛ, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим.

Сите заинтересирани повеќе информации ќе најдат на официјалните медиуми на кампот, веб страната и фејсбук страната.