Металург машки се бореше но на крај загуби кај ППД Загреб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Металург претрпе тесен пораз на гостувањето во ППД Загреб со 30:28. Избраниците на Александар Јовиќ прикажаа храбра игра, но немаа сили до крај за да го изненадат противникот.

Почетокот на натпреварот беше израмнет се до 20. минута кога домашниот тим се одлепи на тогаш највисок плус два (12:10). На полувреме се замина со позитива од два гола за Загреб, 15:13.

Во вториот дел се играше сличен ракомет во кој двата тима имаа свои моменти но на крајот домашниот тим славеше победа.

Најефикасен во редовите на Металург беше Халил Јагањац со девет постигнати погодоци, а еден помалку постигна Филип Кузмановски. Во редовите на ППД Загреб најдобар поединец беше Хорват со осум голови.

Металург на оваа средба настапи без Мартин Велковски, кој на последниот тренинг пред тргнување за Загреб ја повреди аркадата и остана во Скопје.