Одличен натпревар во Торино, Тотенхем со позитивен резултат се враќа во Англија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако се суди по првата вечер од нокаут фазата во Лигата на шампионите оваа сезона ќе биде многу возбудливо. Јувентус и Тотенхем во Торино одиграа одличен натпревар ремизирајќи 2:2, па патникот за во четвртфиналето ќе се бара во Лондон.

Јувентус до водство дојде уште во втората минута кога Гонзало Игуаин го отвори резултатот по одличното додавање од Пјаниќ. Само неколку минути подоцна Дејвис направи пенал, а Игуаин беше сигурен реализатор.

Гостите од Лондон го намалија резултатот во 35. минута со голот на Хари Кејн кој го искористи додавањето на Дел еАли.

Во завршницата на првиот дел Орие направи уште еден пенал, но истиот не го реализира Игуаин кој пропушти да постигне хет трик уште во првиот дел.

И во продолжението видовме одличен фудбал. Бернардески имаше одлична шанса во 58. минута но Лори одлично го одбрани неговиот удар.

Во 71. минута Кристијан Ериксен со одличен удар го матираше Џиџи Буфон за конечен резултат 2:2.