Зидан не е загрижен за својата иднина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид. Зинедин Зидан инсистира дека не е загрижен за неговата иднина во клубот.

Французинот е под неверојатен притисок откако Реал заостанува 17 бодови зад Барселона во Ла Лига, а во Лигата на шампионите го чека пеколно тежок натпревар против ПСЖ.

Овој двомеч со сигурност ќе ја реши иднината на Зидан во Мадрид, а тој тврди дека кај него воопшто не постои загриженост околу тоа прашање.

„Во моментов не размислувам за мојата иднина. Размислувам само за натпреварот затоа што тој е единствено нешто што можеме да го контролираме. Се фокусираме на подготовките за истиот и ќе видиме што ќе се случи“- коментираше Зидан.

Реал Мадрид денес го пречекува ПСЖ во најинтересниот натпревар од осминафиналињата во Лигата на шампионите.