Бизарна казна за тимот на Несторовски и Трајковски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот тим Палермо е казнет со 10. 000 евра поради бизарна причина. Имено, еден од навивачите на клубот на натпреварот против Фоџа (1:2) го погодил судијата со сладолед, а дисциплинската комисија на ФС Италија донела одлука да се казни тимот од Сицилија.

Така поранешниот член на Серија А е казнет со 10.000 евра за инцидентот кој се случил за време на полувремето на натпреварот со Фоџа.

Инаку на овој натпревар Илија Несторовски погоди за својот тим од белата точка, но за жал Палермо претрпе неочекуван пораз. Вториот македонски репрезентативец во Палермо, Александар Трајковски натпреварот го помина на клупата за резервни фудбалери.