Двегодишна казна затвор се заканува на ѕвездите на Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанското обвинителство веќе со години води истрага околу наместениот натпревар од Ла Лига од 2001 година во кој се сретнаа Реал Сарагоса и Леванте.

Сарагоса мораше да го добие тој натпревар за да остане во лигата. Наводно неколку играчи одлучиле да го наместат натпреварот за нивниот тим да обезбеди опстанок. По крајот на 90 минути Сарагоса го добила натпреварот со 2:1.

Неколку години подоцна е покрената голема истрага. Таа трае и денес, а обвинителството ги објави и имињата на осомничените за местење на натпревар.

Меѓу нив се и денешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, Андер Ерера и Габи Фернандез. Тие во тоа време го носеа дресот на Сарагоса и наводно директно се вклучени во местењето на натпреварот.

Ако се прогласат за виновни во овој случај, Ерера и Габи заедно со останатите седум осомничени ќе добијат казна затвор од две години а згора на тоа ќе заработат и шестгодишна забрана за играње фудбал.

Сепак, обвинителството не може да докаже ништо без признавање барем на еден учесник во местенката. Иако ќе бараат казни за учесниците, на крајот тешко дека ќе го добијат случајот, па Ерера, Габи и останатите веројатно ќе продолжат да играат фудбал и нема да одат зад решетки.

Останатите седум осомничени се: Леонардо Понцио, Тони Доблас, Маурисио Ланзаро, Пауло Да Силва, Браулио Нобрега, Жорге Лопез и Карлос Диого.