Алегри: Штета што не победивме, но имаме добри шанси!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во одличен натпревар, Јувентус и Тотенхем одиграа 2-2 и одлуката за четвртфиналист ќе падне во Лондон.

Јувентус стигна до брзо водство од 2-0 со головите на Игуаин, но Кејн и Ериксен израмнија на конечни 2-2 и сега е дефинитивно се отворено.

„Беше тоа добар натпревар, Јувентус направи неколку грешки, но голем број под притисок. Буфон имаше добра одбрана, имавме шанса да стигнеме и до 3-0. Знаевме дека ќе има проблеми, но ќе се обидеме да победиме во реваншот“, вели Алегри.

„Премногу се опуштивме по 2-0, но и Тотенхем играше добро и тие не се случајно во топ 16. Штета што не победивме, но и понатаму имаме добри шанси“, додава Алегри.