Започнува целосно реновирање на Реал: Перез ќе одвои 600 милиони евра за засилувања?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе се обиде летово да направи целосно реновирање на екипата.

Според медиумите, „кралевите“ наредното лето ќе донесат неколку звучни засилувања, а тимот има подготвено 600 милиони евра на располагање за нови играчи.

Листата на играчи, кои ги сака Реал е голема. Сепак, едно име е на врвот, а тоа е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој многу лесно би можел да стане најскап фудалер во светот.

Наводно, актуелниот шампион на Шпанија е подготвен да понуди дури 300 милиони евра за неговиот потпис, па така би требало да бидат срушени сите досегашни рекорди.

Реал оваа сезона игра многу слабо. Првенството е изгубено, а останува само борбата во ЛШ, каде што ќе ја бранат титулата.

Јасно е дека и покрај лошите резултати, Зидан ќе остане на клупата до крајот на сезоната, а наводно од летово нов тренер ќе стане Покетино.

Сигурно не очекува жешко лето на трансфер пазарот, а Реал ќе биде главен во него.