Одличен натпревар со среќен крај за Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како и што се очекуваше денес на „Сантијаго Бернабе“ видовме одличен натпревар во режија на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во кој на крајот „Кралевите“ се радуваа на победа од 3:1.

Гостинот од Париз прв дојде во водство откако во 33 минута Рабио со прецизен удар го совлада Навас по одличната асистенција на Нејмар.

Парижаните ја контролираа играта во првиот дел, но пред истекот на 45-те минути беше досуден пенал за Реал Мадрид кој во сигурна реализација го претвори Кристијано Роналдо.

И во вториот дел тимот на ПСЖ имаше иницијатива, доминираше на средината на теренот и се до 83. минута повеќе ја заслужуваше победата. Сепак тогаш Роналдо среќно со колено погоди за 2:1, а тој гол како да ги демотивираше дотогаш одличните парижани.

Конечниот резултат го постави Марсело во 86. минута од натпреварот и со тоа обезбеди голема предност за неговиот тим пред реваншот кој на програмата е на 6 март во Париз.