Се спукаа Мурињо и Погба, Манчестер Јунајтед ќе биде најголем губитник?


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Во Манчестер јунајтед пристигна од Јувентус за 110 милиони евра и од него се очекуваа чуда, но како што поминува времето јасно е дека Погба, нема да биде тоа што го очекуваа од него.

Португалскиот тренер во претпоследниот меч на Јунајтед, го остави на клупата, а потоа против Њукасл го извади од теренот во 66 минута, иако не беше повреден.

На тој начин Мурињо сакаше да му каже на Погба кој е главен затоа што играчот наводно е незадоволен со улогата во екипата, па го критикувал Португалецот.

Ако може да им се верува на медиумите, Погба не сака да игра на средина на теренот во тандем со Матиќ и смета дека ќе биде подобро ако игра напаѓачки по левата страна.

Неговото мислење го дели и јавноста, но не и Мурињо, кој е убеден дека Погба има капацитет да игра и во напад и во одбрана.