Емери ги критикуваше судиите: Тие имаа големо влијание на резултатот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Унај Емери беше лут на судиите по поразот против Реал Мадрид од 3-1 во првиот меч од осминафиналето во ЛШ.

Реал израмни од пенал откако Ло Селсо направи прекршок врз Крос, во второто полувреме ПСЖ бараше пенал затоа што Рамос го погоди топката во рака, но судијата не реагираше.

„Измешани ми се чувствата. Голот за 1-1 ги направи посилни по една проблематична судиска одлука. Деталите не ни помогнаа. Потоа бевме подобри со топката, имавме контрола и сакавме да постигнеме и втор гол. Уште една одлука на судијата која може да се расправа им даде храброст, која тие паметно ја искористија. Рамос го удри топката во рака, а ако досудеше пенал, тогаш поинаков ќе беше исходот од мечот“