На Конте му подарија дрес од Јунајтед потпишан од Мурињо, погледнете ја неговата реакција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Комична ситуација се случи на денешната прес конференција на тимот на Челси.

Еден италијански новинар на тренерот на Челси му подари дрес од Манчестер Јунајтед потпишан лично од тренерот на „ѓаволите“ Жозе Мурињо.

На дресот од Манчестер Јунајтед стоеше името на Антонио Конте со бројот 1, а италијанскиот новинар при предавањето на тренерот на Челси му кажа: „Ова е од твојот пријател Жозе Мурињо. Го посетивме и тој ни кажа дека многу ми се допаѓаш како личност. Погледни што напиша на подарокот. Сега мора да ветиш дека ќе му возвратиш на подарокот пред вашата наредна средба.“

Конте секако одби да го прими подарокот и со иронична насмевка го испрати новинарот.