Мончи: Го продадовме Салах за „мали пари“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мохамед Салах оваа сезона е еден од најдобрите играчи во ПЛ, а во сите натпреварувања има постигнато 30 голови.

Рома летово го продаде на Ливерпул за 42 милиони евра, а многумина сметаат дека можеле многу повеќе да заработат на тој трансфер.

„Во тој момент моравме да го продадеме и тоа беше важна опција. Трансферите на Нејмар и Мбапе го променија пазарот, но на нас тогаш ни беше неопходно да го продадеме Салах. Мислам дека можевме да добиеме многу повеќе“, изјави Мончи.