Асенсио одбил трансфер во Премиер лигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио одбил да се пресели во Премиер лигата минатото лето. Како што пишува „Мундо Депортиво“ клуб од Англија бил подготвен да исплати 150 милиони евра за услугите на талентираниот офанзивен играч.

22 годишниот фудбалер кој деновиве се поврзува со Челси во некаква „трампа“ за Еден Азар не планира да го напушти Реал Мадрид и е убеден дека ќе успее да изгради голема иднина на „Сантијаго Бернабе“.

Наводно и Флорентино Перез не е за продажба на играчот и доколку некој толку силно го посакува во своите редови ќе мора да ја плати неговата откупна клаузула која изнесува вртоглави 700 милиони евра.