Што значи гестот на Роналдо и дали се ова двата најскапи голови во историјата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Камерите забележаа еден момент при прославата на Роналдо, кога направи пресврт со својот гол против ПСЖ во ЛШ.

Тој покажуваше гест на пари, па остана прашањето за што станува збор и на кого е испратена пораката.

Отпаѓа приказната дека покажал дека на ПСЖ не му се доволни парите да го победат Реал затоа што тој има одлични односи со нив, но некои извори пишуваат дека гестот бил испратен кон Перез.

Таа е многу веројатна теорија затоа што сакал да го потсети претседателот на неисполнетото ветување по освојувањето на ЛШ и Примера минатата сезона дека ќе му биде зголемена платата.

Роналдо заработува 23 милиони, го продолжи договорот до 2021 година, но сега бара 30 милиони затоа што смета дека не е во ред Меси и Нејмар да имаат многу поголема плата од него.