Мендеш му нуди играч со „попуст“ на Јувентус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Целта на Јувентус е еден друг играч на најпознатиот агент во светот, но со оглед на конкуренцијата, тоа ќе биде навистина тешка мисија.

Пред некоја година Јувентус го сакаше Гомеш, но Монако бараше премногу пари, па на крајот Португалецот се пресели во Барселона и разочара.

Летово Тотенхем беше заинтересиран за него, но цената на Каталонците ги натера да се откажат.

Бараа 50 милиони евра за играч, кој е во втор план, но ова лето Мендеш ќе му го понуди на Јувентус и тоа за 30 милиони евра, но останува да видиме дали „старата дама“ ќе се одлучи да го купи.

Како и да е, Јувентус сака еден друг играч на Мендеш, односно Фабињо од Монако, но тој играч го сака и Мурињо, но и ПСЖ.