Мурињо тврди дека шпекулациите за Погба се невистини


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо беше запрашан за најновите наводи кои го поврзуваат Пол Погба со трансфер надвор до Манчестер Јунајтед.

Португалецот истакна дека многу лаги поминале низ јавноста околу ситуацијата со Французинот и потенцираше дека играчот од средниот ред со сигурност ќе игра против Хадерсфилд во рамките од ФА Купот.

„Мислам дека кога ќе кажете „многу шпекулации“ треба да кажете „многу лаги“ затоа што прифаќам да зборувам за Пол без да имам проблеми, а Пол прифаќа дека не игра добро во последните неколку натпревари. Но тоа е се за што би зборувал со вас“-коментираше Мурињо.

Португалецот потоа истакна дека Погба имал повреда и дека поради неа можеби го изгубил малку ритамот, но дека допрва следуваат неговите најдобри настапи додавајќи дека тој сигурно ќе игра против Хадерсфилд.