Пресврт: Хамес не сака ниту во Реал, ниту во Баерн!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез пред почетокот на оваа сезона го напушти Реал Мадрид и одлучи кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен.

Хамес стигна на двегодишна позајмица, но по се изгледа нема да остане таму долго. Тој досега одигра неколку добри мечови и се зборуваше дека ќе се врати во Мадрид.

Сепак, Хамес јасно даде до знаење дека во Реал ќе се врати само ако Зидан не биде повеќе тренер на екипата.

Според медиумите, интерес за овој играч покажаа неколку европски гиганти, а некои од нив се Арсенал и Ливерпул од ПЛ, каде што сакаше Колумбиецот да си ја проба среќата.