Хајнкес: ПСЖ е подобар од Реал, но некогаш среќата е на ваша страна!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хајнкес во втората половина на 90-те години беше тренер на Реал мадрид, па го дочека прашањето како го видел двобојот на Реал и ПСЖ во вторникот и дали Роналдо против Нејмар покажал дека е подобар.

„Знаете, таквите оцени се секогаш површни. Дури и експертите на телевизија мора да донесат заклучок, а тие секогаш одат на страна на победникот. Јас мислам поинаку. ПСЖ играше добро и имаше добар план. Според мене тие беа подобра екипа, но не знаеја да го сочуваат ремито во последните 10 минути. Роналдо има големи можности, но некогаш му помага коленото, стомакот, среќата…“, вели Хајнкес.