Јунајтед ја продава својата „ѕвезда“ кај „Императорот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Галатасарај наводно договорила големо засилување.

Според медиумите во Турција, екипата која ја води Терим од наредното лето ќе го добие Фелаини во составот.

Играчот за врска има уште неколку месеци од договорот со Манчестер, а често се зборуваше дека во јануари ќе замине, иако тоа на крајот не се случи.

Фелаини сега наводно постигнал договор со екипата од Истанбул, па ќе потпише договор на четири години, со опција за продолжување на уште една.