Манчестер Јунајтед се врати на победите (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед забележа победа против тимот на Хадерсфилд Јунајтед во рамките од осминафиналето од ФА Купот.

„Ѓаволите“ до победа ги водеше Ромелу Лукаку кој беше стрелец на двата погодоци.

Првиот гол Белгиецот го постигна уште во третата минута по одличното проигрување од Хуан Мата. Потоа домаќинот на изненадување на сите ја презеде иницијативата на теренот, но не успеа да го совлада Ромеро.

Наместо тоа, Хуан Мата и Немања Матиќ постигнаа голови за Манчестер Јунајтед, но и двата беа поништени поради офсајд.

Во 55 минута Ромелу Лукаку погоди по уште едно одлично проигрување од Алексис Санчез и го постави конечниот резултат.